Радио Милева медицинска помош

Весна Змијанац итно примена во болница: И се слошило, се наоѓа под лекарски надзор

Весна Змијанац итно примена во болница: И се слошило, се наоѓа под лекарски надзор

Пејачката Весна Змијанац вчера заврши во Ургентниот центар откако ненадејно и се слошило.

Според локалните медиуми, Весна самата повикала брза помош, која брзо интервенирала и со возило ја пренеле во болница.

Таа моментално е под надзор на лекар, а според првичните информации, пејачката се чувствува добро и добива соодветна медицинска нега.

Да потсетиме, Змијанац претходно имаше кардиоваскуларни проблеми, за кои веќе се лекуваше. На Весна ѝ беше вграден бајпас во април 2023 година, но по неколку месеци закрепнување на нејзиниот имот во Букуља, музичката ѕвезда се врати на сцената.

foto: printscreen/facebook/Vesna Zmijanac

To top