Радио Милева Сеќавање што не избледува...

Вечен непребол: Вака Андреј зборуваше за односот со Панчо… (ВИДЕО)

Вечен непребол: Вака Андреј зборуваше за односот со Панчо… (ВИДЕО)

Изминаа десет месеци од трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани која за жал, ни ја обележа 2025-та година како најцрна.

А во неа и зминувањето на мноштвото млади животи, меѓу кои и оние на естрадната ѕвезда Андреј и повеќето од членовите на нивната придружна група, за подоцна како последица од истата во месец октомври почине и Панчо од ДНК.

Естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ’ од совојата богата видео архива извади уште едно видео кое стои како потврда да вечниот непребол, но и како сведоштво за тоа колку Андреј и Панчо низ долгогодишната кариера успеаја да се одржат заедно, па дури и кога било најтешко тоа да успее.

„Панчо не издржа…Замина по тебе…Недостасувате двајцата..“, „Ние никогаш нема да ве заборавиме . Уживајте во божјиот рај “, „Фалите!“- се само дел од коментарите кои се најдоа за ова спомен видео.

Тивката болка никогаш не исчезнува, но и искрената почит и сеќавања на луѓето што оставија силна трага во македонската музика. Приказна за загубата, за блискоста и за емоцијата што останува да живее преку песните, спомените и љубовта на публиката.


Сеќавање што не избледува и музика што продолжува смата по себе да зборува. Нивното присуство се чувствува и кога времето минува, зашто во спомените останува вткаено нивното ДНК.

фото:Instagram printscreen/djshortypofficial/DNK/ backstage_macedonia

To top