Откако беше објавена веста дека Едита Арадиновиќ е во блажена состојба, се огласи и нејзината сестра Инди Арадиновиќ.
– Ви благодарам! Како дознавте? Јавете ми се малку подоцна, ве молам, моментално сум по некоја работа – рече Инди, а откако повторно ја повикаа, Инди остана воздржана.

– Навистина не можам да коментирам ништо поврзано со животот на Едита, тоа е нејзин приватен живот и нејзина работа. Секако дека е добра вест, но мора да ме разберете, кога таа прво ќе се огласи со тоа, може да ми се јавите. Ви благодарам за разбирањето – рече Инди.
Пејачката е на почетокот на бременоста и го очекува своето прво дете со партнерот Ненад Стевиќ.

Едита е бремена три месеци и ужива да биде со својот партнер, кого досега го криеше од очите на јавноста.
Таа моментално е со него во Дубаи и е многу активна и среќна бремена жена.
фото:instagram printscreen/indy_ara_indira







