Водителката Сања Савеска пред следбениците на Инстаграм откри непријатен момент од случувањата позади сцената.
Савеска е водителка на популарното кулинарското шоу „Брза кујна“ а редовно се огласува и на социјалните мрежи.
Tаа, овој пат сподели дел од снимањето новогодишна реклама за една куќа со која што соработува, па им го привлече вниманието на сите.
Имено, водителката седнала на голем куфер за патување, пред една новогодишна елка, а се забележува дека е видно расположена и насмеана.
Сепак, кога и го поместиле куферот доживеала мала несреќа и за миг се нашла речиси на подот .
Сето тоа таа го објави на кратките приказни и на своја сметка, напиша:
„Утепа ли се бато?“, а на стикерот кој го стави додаде дека ова и се случило позади сцената, ама не влегло приказната во рекламата.
Сања изгледа топ и во вакво издание, а се чини дека покрај телевизискиот ангажман веќе длабоко навлегува и во инфлуенсерските води, што тоа го докажа и сега.
фото: printscreen/instgaram/sanja_saveska