Откако се омажи за екс- сопругот на пејачката Тамара Тодевска, а му роди и дете, поранешната кошаркарка и сегашен фитнес тренер, а по ново и тазе инфлуенсерка, Едина Муса, стана се’ поактуелна во медиумите.
Кога познатите добиваат наследници, најчесто нивниот идентитет, односно ликот е скриен со симболи, но се до некој одреден период- исклучоци од ова секако има.

Едина Муса осум месеци наназад редовно објавува фотографии од синчето Максим, но го гледаме само делумно, свртено со грпче, а неговиот лик пак е скриен со срце, така што на кого личи бебето, не сме виделе.

Ова се смени токму деновиве кога мама Едина реши да и го претстави Максим на јавноста со првата фотка каде се гледа неговото слатко лиценце.
Поради заштита на детето, истото што и беше пракса досега, ќе го примениме и ние, но со наша лична перцепција дека малиот повлекол на мама и дека е „плукнат“ Едина Муса.

Се вели дека децата растат и се менуваат преку ноќ, но она што е сега, покажува дека малиот убавец повлекол на мама, оттука останува она, затоа-потоа, па ќе видиме што има и од тато.
фото:Instagram printscreen/edina_musa







