Балканската ѕвезда Светлана Ражнатовиќ по бројните концерти и деловни обврски отпатува на Кипар да се одмори.
Цеца има вила во Аја Напа, па секоја година оди на одмор таму. Некогаш сама, некогаш во друштво.
Сега организираше женско патување, па со неа отидоа и сестрата Лидија Оцокољиќ, кумата и други пријателки.
Инаку, познато е дека Ражнатовиќ од 2006 година има луксузна вила покрај море во Аја Напа, која се простира на 600 метри квадратни и е вистински рај на земјата.
Луксузната вила на Цеца има огромен двор како и базен, а нејзиното соседство е преполно со богати луѓе.
– Имам ирански, кипарски и руски соседи со кои имам одлични односи. Тоа се остварени луѓе на кои мојата слава во Србија не им значи ништо. Во Аја Напа е прекрасно лето и сакам да одам таму кога ќе залади во Србија. Мирот што го имам во втората куќа ми е драгоцен – изјави претходно Цеца.
Инаку, таа не крие дека овој имот го купила на кредит.
– Сакав нешто егзотично, убаво и да бидам токму на брегот. Мојот пријател Фотос ми донесе фотографии од оваа моја вила и знаев дека тоа е тоа. Веднаш подигнав заем. Да, куќата ја купив на позајмица, која, нормално, месечно ја отплаќам – изјави еднаш Цеца во емисијата „Амиџи шоу“.
фото: printscreen/instgaram/tv pink