Новогодишната еуфорија полека се стишува, но постновогодишните зимски уживања за многумина допрва започнуваат. По Нова Година доаѓа Божиќ, но и периодот кога сите кои имаат можност и прилика заминуваат а планина. Ем да избегаат од градскаиот метеж, загадениот воздух и смог, ем да уживаат во снежните задоволства.
Покрај сите обични луѓе и мноштво од ѕвездите, а меѓу нив и таа, македонската ТВ водителка, најпознатата наша лото девојка, Марјана Станојковска.
Русокосата убавица реши да помина отаде граница, па да замине кај северниот сосед на планинска релаксација. Копаоник дење блеска облеан од сончевите зраци, додека навечер свети како светилник. Еден е од најпознатите регионални ски центри на Балканот, па затоа Марјана го избра за сопствено уживање кое го започна со поглед од балконот… Или барем од прозорецот на хотелската соба, низ кој долгоногата ТВ дама имаше прекрасна панорама на стартот на жичарницата и прекрасните ски терени.
View this post on Instagram
Со крзнена шубара на главата, променета во скијачки боди костум, кога сите очекуваа дека Марјана ќе ја видат застаната на скии на снегот, долгоногата убавица одлучи малку поинаку да ужива, откако реши наместо да скија, да плива!
И ништо не би било чудно ниту необично, ако базенот беше од затворен тип.
Да не ја видовме Марјана во издание какво што се очекува среде лето, немаше да поверуваме дека сексапилната водителка се подготвува да плива под отворено небо!
А Марјана во едноделен костим за капење е ултра секси на отворено и на минус и на плус, зашто за лото водителката нема ниту зима, ниту кога надвор е под нулата целзиус!
Толку жешка, како топло чајче во бачило на врвот на брегот… Марјана на Копаоник го стопи и снегот!
Фото: Инстаграм/marjanamay