Радио Милева ранлива и без маска

Тијана Дапчевиќ си ја отвори душата и призна за паничните стравови и кошмарот кој ја следи со години

Тијана Дапчевиќ си ја отвори душата и призна за паничните стравови и кошмарот кој ја следи со години

Тијана Дапчевиќ со години важи за една од најхаризматичните пејачки од регионот, а во поново време и како актерка.

Иако публиката ја познава како силна и одлучна жена, таа своевремено ја откри и својата ранлива страна. Пејачката искрено зборуваше за стравовите со кои се соочува, признавајќи дека, како и сите луѓе, има нешта што не ѝ се лесни.

Како што наведе, најголем страв ѝ претставуваат губењето и чувството на напуштеност, а откри и дека има изразен страв од земјотреси.

„Најмногу се плашам од губење и оставање. Од тоа имам паничен страв и на секој можен начин се обидувам да го сузбијам. Имам ужасен страв од земјотреси и мислам дека тоа е фобија“, рече Тијана за спрските медиуми.

Зборувајќи за кариерата долга три децении, пејачката истакна дека искуството ја научило да не се оптоварува со работи на кои не може да влијае.

„Поединечни нешта ме исфрлија од колосек, но искуството те учи да не обрнуваш внимание на она што не можеш да го промениш и да не се нервираш“, објасни таа.

И покрај личните стравови, Тијана Дапчевиќ продолжува со полна пареа на професионален план. Таа моментално жнее огромни успеси со театарските претстави во кои глуми, особено со хит-претставата „Менопауза“, со која реализираше десетици успешни изведби ширум регионот. Покрај актерскиот ангажман, харизматичната уметница веќе е активна во студио каде што вредно работи на подготовка на сосема нови песни, најавувајќи ново музичко изненадување за својата верна публика.

фото:Facebook/ Tijana Dapcevic

To top