Радио Милева секогаш своја

Тијана Дапчевиќ отворено за се’ она кое и било поставено како неизбежно во кариерата, но и за личниот однос кон „реалноста“: „Баш сум глупава кога се луѓето во прашање!“ (ВИДЕО)

Тијана Дапчевиќ отворено за се’ она кое и било поставено како неизбежно во кариерата, но и за личниот однос кон „реалноста“: „Баш сум глупава кога се луѓето во прашање!“ (ВИДЕО)

Сцената, камерите, животот пред публика… и се’ она попратно за еден артист како Тијана Дапчевиќ, се нераскинливо секојдневние за неа, живот каков години наназад го живее и го избрала за свој пат.

Не ретко е гостинка во разни ТВ емисии и поткасти, прилика каде можеме да слушнеме нешто повеќе за неа и приватно, а препознатлива е и по тоа што кај неа нема задршка кога се во прашање искажувањето на личните ставови, па макар тие се коселе со веќе поставените норми, дури и оние во кои функционира.

Па така, во најновото интервју на „Face TV“ раскажа за се’ она кое и било поставено како императив за успех во кариерата од своите почетоци.

– Ме советуваа да пуштам коса, да си купам гради, малку да ослабам, да пеам покомерцијална музика, да се смирам, да не сум толку луда… секако јас ништо од тоа не послушав. Едноставно, како мајка ми ме воспитала… јас сум тоа. Секогаш, барем јас така мислам дека отсекогаш се вреднувало кога си свој, кога не се вклопуваш, кога си поинаков, резимираше Тијана за прашањето на водителката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FACE TV (@facetv)

Сосема парадоксално на јавната професија што ја има, Тијана вели дека апсолутно никогаш не чита вести и не гледа телевизија.

-Многу сум глупава кога се луѓето во прашање. Баш сум глупа! Не е дека некој умее да ме прелаже, едноставно не ми е толку расипан мозокот. Јас сум човек кој не гледа телевизија, јас го немам апартот дома. Јас не знам што се случува, живеам на Нептун. Јас не читам и не следам вести. Тоа што ме интересира гледам на X. Сфатив дека се’ што е на „мејнстрим“ е лага, кажа Дапчевиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FACE TV (@facetv)

Инаку, Тијана Дапчевиќ од месец ноември минатата 25-та година е посветена на избедбата на урнебесната монодрама, „Менопауза“ која ги отвора сите теми за кои жените обично шепотат – но сега зборуваат гласно, духовито и без срам – е напишана од Данило Вукотиќ, додека претставата е во режија на Раде Вукотиќ.

Тијана Дапчевиќ – во улога на жена во менопауза, без влакна на јазикот (но со неколку нови на брадата) зборува за секс, сувост, ПМС кој не одлучил дали доаѓа или си оди, љубовници кои не знаат каде е лубрикантот и сопрузи кои имаат криза на средните години.

фото:Instagram printscreen/facetv/ tijana.dapcevic

To top