Радио Милева кај ќе бегаш, шефе...?

Ти си проблем што сакам да го имам: Шеф Никола од „Брза кујна“ мислеше дека ќе избега од проблемите, арно ама… „од љубов не се бега“ ни во теретана (ВИДЕО)

Ти си проблем што сакам да го имам: Шеф Никола од „Брза кујна“ мислеше дека ќе избега од проблемите, арно ама… „од љубов не се бега“ ни во теретана (ВИДЕО)

Никола Мишковски, познатиот шеф од кулинарското ТВ шоу „Брза кујна“ ем заради здравје, ем незадоволен од својот изглед и вишокот килограми, изминатите месеци  му се предаде на вежбањето во теретана и топењето масти.

Доследен на ветеното пред себеси, познатиот македонски гортвач за кус временски период буквално „се стопи“! Фотографиите од  шеф Никола пред и потоа евидентно ја покажуваат разликата.

Арно ама , ако мислевте дека теретаната му е само место за трансформација на телесниот изглед, грдно сте се излажале… Зашто популарнот готвач во просторот каде ја правеше својата телесна метаморфоза, препознал и место за „сузбивање нервоза“. Теретана како место за нирвана… За бегање од проблемите…

Меѓу бројните тегови и справи шеф Никола мислеше дека тоа најдобро може таму да го направи, арно ама… Кога со „проблем што сакаш да го имаш“ си во спрега, тогаш немаш кај да бегаш, зашто… „од љубов не се бега“!

Тоа му стана јасно на популарниот шеф кој успеа експресно да го симне својот мев, ама не и… „проблемот што сака да го има“, зашто неговата поубава половина, како вистинска дама решила да го следи низ животот и во теретана!

Со тоа што кога дамата вежба не сака никој „да и свети“, па затоа  „понежната половина“ од брачната двојка, на шеф Никола му поделки “двојка“!

Фото и видео: Фејсбук и Инстаграм/nikola_mishkovski

To top