Радио Милева „секси до болка, возбудлива до коска“  

Теа Трајковска со нова промена: Пејачката посегна по уште една трансформација од снежна кралица до секси „југо секретарица“ (ФОТО)

Теа Трајковска со нова промена: Пејачката посегна по уште една трансформација од снежна кралица до секси „југо секретарица“ (ФОТО)

Теодора Теа Трајковска осамна на својот Инстаграм со нова промена. Македонската поп пејачка имиџот го менува како долна облека, зашто самата добро знае дека на естрадната сцена не си интресен акоисто изгледаш довека. Освен должинта и бојата косата, Теа во последно време обожува да се појави во поинакво издание и тоа во тематски фотосесии.

Така, ако младата пејачка неодамна  ја искористила можноста да го покаже сиот свој сексапил скриен под навидум студената елеганција, налик на ледената убавица во која се крие жив оган кој гори под крзното на снежната кралица!?

Но, ако Теа Трајковска во претходната фотосесија беше навидум така ладна, а всушност толку жешка, во новата се потрудила да биде уште пожешка, посекси и позаводлива. Впрочем само еден поглед и лесно ќе заклучите и вие, дека пејаката овој пат се портрудила се’ околу неа да врие.

Еротската елеганција што Теа овој пат ја преферира е налик на оние згодните и атрактивни секретарки од директорските канцеларии на успешните фирми. Во црно палто, бела топ кошула со голо пупаче и вратоврска, во мини фустанче, високи штикли и црни чорапи, пејачката изгледа ултрасекси… Како „извршна директорка за неодоговрени повици“ – што би рекла самата Теа.

Црвенокоса убавица на која вака гледано најмногу би и прилегала улогата на  “секретарица од бивша Југославија“, како што споделила и самата сликана со фиксните телефони в рака. Исправена пред прозорецот на канцеларијата подготвена да одговори на секој предизвик…

За работите „подобро да легнат“, онака  како што треба.

Од снежна кралица до секси „југо секретарица“, секоја нова трансформација и тоа како добро и прилега.

Како и не би кога  атрактивната, згодна и сексапилна Теа Трајковска во секоја промена е „секси до болка, возбудлива до коска“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THEA (@theatrajkovska)

Фото: Инстаграм/theatrajkovska

To top