Пејачката Тијана Дапчевиќ денес, петок има посебна причина за славење.
Имено, сопругот на Тијана слави роденден, а пејачката сподели фотографија со него испраќајќи му јавна честитка на кратката приказна на Инстгарам.
„Миле мој, среќен ден. Биди здрав, среќен и насмеан, те сакам до крајот на светот.“, напиша пејачката во описот на фотографијата со која го привлече вниманието на нејзините следбеници.
Пејачката ретко објавува фотографии со сопругот, бидејќи како што вели, нејзиот Дапче не сака да се фотографира и експонира во јавноста.
Сепак, кога има убав повод , Тијана не сака да ги задржи емоциите за себе и пред јавноста да ги сокрие своите чувства.
За потсетување, Милан и Тијана се запознаа на натпревар во кошарка, во брак се веќе две децении, а како плод на љубовта го имат синот Вук.
фото: printscreen/instagram