Радио Милева има конфликти

Тања Савиќ за кавгата со семејството: Пејачката ја откри вистината за врската и ја поддржа Цеца по ситуацијата во Македонија

Тања Савиќ за кавгата со семејството: Пејачката ја откри вистината за врската и ја поддржа Цеца по ситуацијата во Македонија

Кратко пред полноќ, Тања Савиќ пристигна во клубот, облечена во елегантен темно син фустан, а беше придружувана од нејзиниот вереник Муки, па дури и се бакнаа пред камерите на собраните медиуми.

Видливо расположена, Тања дала изјава за тамошните медиуми, каде што коментираше бројни актуелни теми во забавната индустрија, но зборуваше и за семејните односи.

На почетокот, таа призна дека едвај чека да се дружи со белградската публика, а потоа проговори за здравствениот проблем со кој се бореше.

„Подготвена сум, како и секогаш, за мојот настап, едвај чекам да ја видам публиката. Имав проблеми ова лето, ми беше тешко секој пат кога ќе настинев, добив ларингитис, ми се случуваше често во последните две години. Сега малку помалку, потоа морам да примам разни терапии. Има силно влијание врз системот, но во ред, сè поминува. Отидов во студио да снимам песна. Ќе објавам два сингла најверојатно напролет. Ќе снимам пред Нова Година сигурно, па ќе ја објавам напролет“, кажала Тања.

Тања беше замолена да коментира за ситуацијата што се случи и со Цеца Ражнатовиќ во Македонија, каде што публиката ѝ го развеа бугарското знаме.

„Ми се случува луѓето да фрлаат мечиња и срца по мене, никогаш не фрлаат знамиња по мене, но јас би го прифатила тоа. Со тој чин шириме љубов, не е важно чие е знамето, важно е љубовта да се шири. Не го сметам она што се случи со Цеца за скандал. Жената си ја вршеше работата, јасно е дека немаше лоши намери. Го крена тоа знаме од љубов и не знаеме што ни даваат нашите драги фанови. Ваквите неправди ме нервираат. Имаше право да има таква реакција, тоа е голем стрес. Мора да внимаваме на нашето однесување, но кога ќе не нагазат, разбирам, и јас се ставам во нејзината кожа“, истакна Тања.

Додека пак за семејните односи, Тања Савиќ, eве што рече:

„Викам и на моите деца и на Муки, најмногу на моите најблиски. Но, кога викам, ми се зарипнува гласот. Се расправаме за ситници, што ќе јадеме, што сум нарачала, што ова или она… Имам навика да останам лута три дена“, рекла таа, а кога ја прашале за нејзината кавга со сестрата Билјана, таа рекла:

„Знаете што, видов што напишаа, но сето тоа го игнорирам. Ние јавните личности мора да го издржиме тој притисок. Никогаш не сум проговорила за моето семејство, па нема ни овој пат. Го сакам моето семејство, секогаш сум тука за нив“, рекла пејачката.

„Еве, ме прашавте. Јас го сакам моето семејство. Секако дека има конфликти. Ги решавам во моите четири ѕида. Јас сум човек, како и сите други, не сакам да зборувам за тоа“, одговори Тања Савиќ, а потоа се осврна и на својот брат, бидејќи неодамна стана тетка.

„Плачев од среќа кога мојот брат Немања ми кажа дека неговата сопруга се породила. Не мислам дека реагирав така ни на моето прво дете, едвај чекам повторно да го видам бебето. А ги сакам бебињата.“

foto: printscreen/instagram

To top