Исцрпеноста и недостатокот на сон во вечерните часови е нешто што на пејачите им е добро познато. Тие се навикнати на тоа темпо и се чини дека никогаш не спијат, сепак во реалноста тоа не е така.
Тамара Тодевска несомнено е една од нашите најголеми музички ѕвезди. Кај неа адреналинот работи постојано, а пред публиката и камерите воопшто не и е непријатно бидејќи на тоа веќе е навикната.
Покрај пеењето, Тамара е презафатена и со активностите околу нејзините две деца, но наоѓа време за себе, односно за љубовната романса со саканиот Лука поминувајќи прекрасни заеднички мигови.
Пејачката често остава впечаток и дека постојано во рацете го држи мобилниот телефон играјќи си на Инстаграм забавните апликации, но и одговарајќи на прашањата од следбениците преку кои сака да им открие голем дел од приватниот живот, секако за она што сака и и“ одговара.
Овој пат се одлучи да покаже и како ги полни батериите.
Па наместо некоја од активностите со кои постојано е „окупирана“ таа покажа фотографија на која заедно со нејзиното милениче тоне во длабок сон.
„Понеделник на нас пејачките“ – појасни Тамара во описот на фотографијата која денес ја сподели и ги воодушеви сите.
Фото: printskrin/instagram/tamaratodevska