Пред седум години на речиси две недели пред почетокот на 2019 година, поп- пејачката Тамара Тодевска на свет го донесе своето второ чедо – наследникот Дарен.
Сега, пред испраќањето на 2025 година, малиот Дарен слави 7 години, веќе пораснат мал фраер кој е најголемата гордост на мама и помалото братче на дада Хана.

Новото модерно време веќе одамна ги исклучи од пракса родендените без помпа во игротеки и ресторани, многу гости, скапи декорации, маскоти, па дури и плаќање на познати тин- ѕвезди како изненадување за славеникот.
Тамара годинава се сети на нешто поразлично, впрочем добро познат домашен модел на прослава на детски роденден.

Пракса од која порано немаше заобиколување – сите другарчиња дома на роденден со сендвичиња, сокче, торта и секако многу забава.

Во случајов, Дарен тука ја имаше мама да запее, тука беа сендвичињата, тематското новогодишно украсување и дрес- код сите да бидат облечени во црвено.

Ултра штосно и ефектно, особено кога на забавата се појави Дедо Мраз со кого дечињата заедно пееја.
Тука беа и мајките и тектки за се’ да биде под контрола, а забавата разбирливо на ниво.

Среќен роденден!
фото:Instagram printscreen/tamaratodevska





