Тамара Тодевска отсекогаш по темперамент „немирна ко ветер“, експресивна и експлозивна, особено на сцена кога ќе застане на сцена и ќе го пушти својот глас пред микрофонот.
Кога љубовта е во прашање, најдобро познато е дека музиката за неа претставува број еден, а откако стана мајка на две деца, чистата љубов и емоција дополнително доби на интензитет, но во сосема друга форма.

Велат дека целта е да се стане човек, а среќа е да се остане дете. Затоа е важно да се зачува детето во себе – а Тамара е од оние кои и не мораат да се трудат да го разбудат таму некаде длабоко потиснато, зашто кај неа најчесто е изразено, особено кога е во друштво на Хана и Дарен.
Токму тоа го покажа од својата најнова објава каде заедно со синчето и ќерката се качи на лизгалки на скопското лизгалиште во СЦ Борис Трајковски.
-Мојата стара љубов – стои во описот на видеото.
Хана и Дарен беа тука за да ги учат техниките за лизгање од мама која очигледно не и требаше многу за да се присети и да лизга како некогаш.
Ианку, Тамара неодамна се врати од Барселона каде беше со својот пријател Зоки Бејбе.

Таа годината ја започна со време одвоено само за пријателството, додека она со партнерот Лука овој пат не беше опција како за почеток на 2026-та.
фото:Instagram printscreen/tamaratodevska






