Радио Милева еден детаљ

„Тaa не може да прави што сака“ – Социјалните мрежи во хаос поради ноктите на Јелена Ѓоковиќ

„Тaa не може да прави што сака“ – Социјалните мрежи  во хаос поради ноктите на Јелена Ѓоковиќ

Јелена Ѓоковиќ воодушеви со својата елеганција во Дубаи, каде што најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ја доби наградата „Глоуб Сокер“ за неговиот придонес во спортот.

На церемонијата присуствуваше и неговата сопруга Јелена, во придружба на братот на Новак, Ѓорѓе.

Таа зрачеше со елеганција на настанот, во едноставен црн фустан до колена, црни потпетици, совршено фенирана коса и суптилна, воопшто не наметлива шминка. Уште еднаш, Јелена испрати јасна порака – понекогаш, помалку всушност е повеќе.

– Вечер за паметење. Многу сум горда на тебе – му порача Јелена на Новак во објава на Инстаграм.

Сепак, набрзо на социјалните мрежи избувна контроверзност околу еден детаљ на неа, имено нејзините нокти.

Јелена направи фотографија од својата рака, на која се гледаше скап накит, а многу луѓе беа воодушевени од нејзините природни нокти кои не беа налакирани.

Причина за „војната“ на интернет беше коментар од корисник на „Х“ кој гласи:

Јеца Ѓоковиќ можеше барем да си ги обои ноктите на овој прескап накит.

„Да имаш експерти и да се преправаш дека си српска елита? Тоа е суптилна разлика“, „Погледни ги ноктите на Кејт Мидлтон и можеби ќе научиш нешто“, „Не можеш, логично. Некој што толку многу внимание обрнува на исхраната, веганизмот, здравиот живот, сите природни производи, сигурно не би користел лак за нокти, за чии штетни ефекти сè повеќе се дискутира“, „Дискретно обоена, не е сељак да носи тие акрилни ужаси“, „Веројатно би добила нокти од Ники Минаж“, „Немам ваков накит, но имам вакви нокти, без гел. Колку сум грешна?“, „Ноктите се уредни, не гледам проблем“, се само некои од бројните коментари.

Foto: Instagram/jelenadjokovicndf

To top