Радио Милева горд татко

Таа без градник, а тој без кошула: Лени Кравиц на црвен килим со ќерката Зои на нејзиниот најважен ден (фото)

Таа без градник, а тој без кошула: Лени Кравиц на црвен килим со ќерката Зои на нејзиниот најважен ден (фото)

Лени Кравиц ја заврши турнејата во Европа, а пред да започне со концерти во Америка, една од најголемите рок ѕвезди на денешницата се појави во Лондон на премиерата на филмот во режија на неговата ќерка Зои Кравиц кое е нејзино режисерско деби.

Татко и ќерка заедно прошетаа на црвениот килим, а не се знае кој привлече поголемо внимание, бидејќи и двајцата беа феноменално облечени, расположени и како и секогаш убави.

Зои носеше шик црвена тоалета од Сен Лоран, а Лени се одлучи за истата модна куќа.

Неговиот костум беше во стилот на 70-тите, кој е исклучително модерен оваа сезона, беше дупло, а под сакото, како што сме навикнати, не носеше ништо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)

Во неговата комбинација беа незаменливи еден пар очила за сонце, а изгледот го комплетираше со бели каубојки.

Двајцата се прегрнаа за да се фотографираат на црвениот килим, а Лени изгледаше беше најгордиот татко.

Кога Зои не позираше со нејзиниот татко, друштво и правеше нејзиниот вереник Ченинг Тејтум, кој исто така глуми во филмот. Тејтум се одлучи за класика облечен во црн смокинг од истиот бренд како таткото и ќерката Кравиц, Сен Лоран, со бела кошула и тесна црна вратоврска.

По повод овој филм на неговата свршеница, тој рече:

– Создавањето нешто со некој што толку многу го сакате е веројатно една од работите што ви причинуваат најголемо задоволство, покрај основањето семејство. Тоа е едно од оние… навистина создаваш нешто од ништо и тоа е како да создаваш брак, а сакаш да го правиш тоа со саканата личност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoë Kravitz (@zoeisabellakravitz)

А таа нивна љубов е видлива на фотографиите, но се чувствува и низ многу приказни и интервјуа.

Во секој случај, семејството Кравиц постигна уште еден голем успех, а нам ни преостанува само да уживаме во нивните фотографии.

фото: Instagram printscreen/ lennykravitz

To top