Светлана Црнокрак, синоним за убавина, сензуалност, елеганција…
Жена со неприкосновена убавина, а годините кои минуваат, за неа се само број, па и кога истакнувањето на истите е во прашање, тогаш Светле нема што да крие!
Овој пат, јубилејните 50 ги обележа со семејна прослава и секако нови фотки на кои блеска!

Честитки пристигнаа од сите страни, комплимнти во суперлатив, но секако најдраги оние од саканите, ќерките и сопругот со кои славеше и ги дувна роденденските свеќички.

Мајката природа ја дарила да има се што може да посака една жена, а таа самоуверено и гордо да се носи со сите епитети.

Иако свевремено манекенството и моделството и беа примарна професија, денес Светле одвреме- навреме знае да зачекори на модна писта, но предност им дава на манекенките од моднто студио „Црнокрак“ чија газдарица долги години е заедно со сопругот Мики. Особено горда и на ќерката Моника која неодамна го освои петтото место на Мис Европа 2026-та година.

Времето го менува секого, како физички така и ментално, но кога е надворешното во прашање, промените и не се некој сојузник на убавата Светлана Црнокрак.
Среќен роденден!
фото:Instagram printscreen/crnokraksvetlana/mcrnokrak






