Цеца Ражнатовиќ вечерва ќе одржи спектакуларен концерт во Дубаи, а на оваа магична дестинација не сакала да отпатува сама.
Имено, Цеца и Богдана Ражнатовиќ, како и сестрата на Цеца, Лидија, решиле да уживаат во кусо женско патување, каде ќе уживаат во сонцето, плажата, но и чаша вино.
Дека Цеца и Богдана Ражнатовиќ имаат беспрекорен однос говори и фактот што Цеца на ова егзотично патување ја однела и снаата, додека нејзиниот син Вељко останал во Белград со децата.
Како дамите го поминуваат времето на своето мини-патување, Цеца покажа на својот Инстаграм, во кратко видео во кое Богдана и Лидија облечени во лесни летни фустани наздравуваат со чаша вино, додека Цеца јаде салата и пие вода.
Ова видео предизвика лавина коментари, а Цеца ја доби титулата неспоредлива свекрва, која ја донесе Богдана, мајката на нејзините внуци, на одмор и и требаше опуштање.
фото:Instagram printscreen/bogdanaraznatoviiic