Пејачката Милица Тодоровиќ неодамна ја сподели добрата вест дека е бремена, и наводно планира тајно да се омажи за својот избраник во септември, со кого очекува бебе.
Имено, Милица Тодоровиќ веднаш одлучи да ги откаже сите настапи штом дозна дека е бремена. Таа сака целосно да се посвети на себе и на бебето.

Како што открива нејзината колешка за тамошните медиуми, пејачката наводно планира тајно да се омажи за својот избраник, а свадбата е закажана за следната година.
– Слушнав од Милица, мислам дека целата естрада ја повика и сите се воодушевени што ќе стане мајка. Да знаете каква тетка е, можам да замислам каков родител ќе биде за своето дете. Многу сум среќна, но не знам кој е таткото, до душа знам, но не можам да ви кажам бидејќи не би било фер, но колку што разбрав, свадбата треба да биде во септември. Ќе се венчаат само во кругот на нивните најблиски пријатели, значи кумови и семејство, а јас дури и не прашав за прославата. Иако, со оглед на тоа што Милица е тоа што е, тоа може да се промени во еден миг – вели една од колешките на Милица.
Foto: printscreen/instgaram/todorovic.star







