Радио Милева искрена

Сузана Манчиќ открива во какви односи е со децата на сопругот: „Не можам да кажам дека ме сакаат“

Сузана Манчиќ открива во какви односи е со децата на сопругот: „Не можам да кажам дека ме сакаат“

Водителката и актерка Сузана Манчиќ е во брак со грчкиот бизнисмен Симеон Окомококос 8 години.

Сузана Манчиќ и Симеон Окомококос ја крунисаа својата љубов со брак во 2018 година, од кога водителката живее на релација Белград-Атина, а сега проговори за својот однос со неговите деца.

На прашањето како се сложува со неговите ќерки, Сузана Манчиќ искрено одговори:

– Не би сакала да зборувам за тоа, но во секое семејство секогаш има некои несогласувања. Не можам да кажам дека ме сакаат, но не можам да кажам ниту дека не ме сакаат. Тоа е врска на далечина, можеби затоа што се постари.

Сузана Манчиќ се осврна и на односот што нејзините ќерки го имаат со Симeон.

– Моите деца, особено помладата, отсекогаш го гледале како татковска фигура. Тие се многу поблиски со него отколку неговите деца со мене, кажа таа за српските медиуми.

фото:Instagram printscreen/suzanamancicofficial

To top