Радио Милева сонот и стана јаве

Султана уште една ја израдува мама: Ќерката на пејачката Наташа Малинкова се закити со ѕвезда дека е во класата на најдобрите нови инфлуенсерки

Султана уште една ја израдува мама: Ќерката на пејачката Наташа Малинкова се закити со ѕвезда дека е во класата на најдобрите нови инфлуенсерки

Месец декември излезе доста возбудлив за пејачаката Наташа Малинкова, како професионално со многуте настапи ширум земјава од предновогодишниот период, така и приватно.

Минатата недела нејзината постара ќерка, 22 годишната Султана ја израдува со тоа што стана академски граѓанин како дипломиран економист, а сега уште еднаш и направи убаво на душа.

Паметна, успешна и убава со диплома во раце – Султана, ќерката на Наташа Малинкова стана академски граѓанин

Мама и беше придружба на ќерката на забавата за инфлуенсер на годината во организација на „Убавина и здравје“, каде Султана доби ѕвезда за најдобра нова инфлуенсерка од карегоријата за убавина.

Тематски „скоцкани“, мистични и секси во црно со превез од тантела преку очите, мајката и ќерката беа ултра впечатливи, секси и доминантни, а кога на се’ тоа се додаде и ѕвездената награда за Султана, сјајот беше уште погламурозен.

-Кога сништата се остваруваат! – стои во описот на една од фотографиите каде убавата и стројна кавадарчанка ја држи наградата во раце и тоа како изненадена и воодушевена од уважувањето кое го дочека.

Инаку, Султан Малинкова се повеќе станува актуелна во светот на домашните инфлуенсери кои презентираат и сугерираат производи за убавина, па оваа награда и заслужено дојде во нејзини раце.

Честитки!

фото:Instagram printscreen/sultana.malinkova

To top