Ако до сега македонската фолкерка Стојне Николова важеше за природна, експлозивна, полна со енергија… отсега, може да се забележат уште едн куп промени кај неа. Струмичката пејачка станува се поатрактивна и посекси, особено кога се гардеробата, а и комплетниот имиџ во прашање.
Иако отсекогаш била слабичка и со манекенски пропорции, но сега Стојнето и тоа како умее да ја истакне сета своја привлечност, женственост, сексапил… што ја прави неодоливо посакувана и пожелна.
Кусите фустанчиња како да станаа нејзин заштитен занак, па Стојне се почесто можеме да ја видиме облечена во нив, а тие најмногу ги истакнуваат долгите нозе на пејачката, која мајката природа не штедела кога со нив ја дарувала.
И ако на почетокот на кариерата поинаку изгледала, се облекувала и зрачела, сега атрактивната струмичанка е некоја друга жена…
Поточно девојка која изгледа топ. Арно ама тоа ниту оддалеку не е се’ од неа. Зашто, како што самата пејачка самоуверено порачува:
„Верувај во себе и на половина пат си до целта“.
View this post on Instagram
Струмичката убавица деновиве со својат фото и видео најава само ја потврди тезата дека нејзиното време допрва доаѓа. Долги нозе и заводлив поглед, провокативни движења и предизвикувачки сексапил, на кој ретко кој вистински маж имун би бил. Едноставно Стојнето зрачи со раскошна телесна понуда која и овој пат предизвика еруптивна возбуда, зашто фолкерката така и изгледа – врвно!
На видеото кое го објавила како најава, Стојне менува неколку аутфита, со кои ги „вжари“ социјалните мрежи, а љубопитните погледи стануваат „се’ повлажни“ кога се во прашање нејзините пози!
Оние кои ја познаваат, знаат, но наскоро Стојне сите ќе ја запознаете подобро… И тоа како многу „Лоша“! Ако ве шокира напишаното, не се возбудувајте, тоа е само заради насловот на новата песна на згодната пејачка, која со видеосесијата и самата ја најавува! Затоа и за изгледот, шминката и фризурата и за аутфит визурата, како и за видеоспотот, Стојне ангажирала врвна екипа… Можеби најдобрите во моментов, во кој ветува дека бргу ќе ги оствари своите соништа и експресно ќе ја мине втората половина од патот до целта која си ја зацртала!
View this post on Instagram
Планот воопшто не и е лош, а Бога ми ни таа… Напротив, Стојне Николова е се’ подобра, за што можеби не е ниту самата свесна. За „Лоша“ само се претставува во новата песна!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/stojne_official