Повторно нарушено здравјето на Немања Гудељ!
Фудбалерот на Севиља се соочува со проблем само три месеци по повредата на коленото која резултираше со операција и долго закрепнување.
Српскиот фудбалер сега го повреди коленото на десната нога во триумфот на неговата Севиља над Мајорка (2:1) во понеделникот вечерта.
Гудељ (32) мораше да ја напушти играта во 81. минута, а Севиља денеска излезе со официјално соопштение.
– Медицинската служба на ФК Севиља соопштува дека, по соодветни лекарски прегледи, констатирано е дека Немања Гудељ се здобил со повреда на задниот рог на внатрешниот менискус на десното колено на синоќешниот натпревар против Мајорка.
View this post on Instagram
Ова е спротивното колено од она што беше оперирано на почетокот на годината.
Конечната прогноза ќе зависи од типот на интервенција на која ќе се подложи Гудељ – се наведува во соопштението на клубот.
Севиља не соопшти колку е сега паузата на Гудељ и дали има шанси српскиот претставник да биде подготвен за Европското првенство во Германија кое ќе се игра од 14 јуни до 14 јули.
Исто како и на почетокот на годината, Анастасија со сите сили го поддржува сопругот и во најтешките денови, а веруваме дека целата ситуација прилично ја вознемири.
фото: Instagram printscreen/ raznatovicanastasija