За македонскиот пејач со српска адреса, Даниел Кајмакоски, постојано гледаме и читаме дека му цвета во љубовта откако ја најде како што вели вистинската- втората сопруга Марина.
Неговата понежна половина и сродна душа е она што отсекогаш го барал кај жена, барем така тврди самиот, а за тоа како хармонично функционираат покажува и нејзината роденденска честитка која му ја упати јавно, а истата гласи вака:

-Сакан мој, биди ми здрав и среќен, радувај се, смеј се, уживај во животот, биди ми добро и едно знај – зад себе не имаш нас четворица кои те обожаваме, секојпат желно те чекаме и ужасно ни фалиш кога не си тука. Едвај чекам да видам што убаво животот ќе ни донесе. Среќен роденден. п.с Убаво старееш, не се грижи!- му напиѓа Марина на сопругот.

Даниел Кајмакоски денес 17. Октомври го слави својот 42-ри роденден.

За потсетување, Даниел и Марина се венчаа пред рчиси две години, а плод на нивната љубов се двете дечиња, сичето Стефан и ќеркичката Емилија.
фото:Instagram printscreen/daniel_kajmakoski





