Радио Милева 6 месеци непребол

Солзи и скршено срце: Ана Костадиновска за спомените со ДНК кои денес најсилно болат – „Си беше еднаш…“

Солзи и скршено срце: Ана Костадиновска за спомените со ДНК кои денес најсилно болат – „Си беше еднаш…“

16-ти Март, датум кој пред 6 месеци стана кобен, подвлечен како таков најтежок што нанесе длабока рана за многу семејства за кои денес лек нема.

Помина половина година откако згаснаа многу млади животи, останаа зацрнети семејства за кои назад и бегство од тагата и болката никогаш нема да се најде.

Денес, на шестмесечниот помен, преживеаната од трагедијата, придружниот вокал Ана Костадиновска на својот Инстаграм објави серија фотографии од своето музичко семејство- членовите на групата ДНК кои некогаш беа нераскинлив дел нејзиниот живот.

„Си беше еднаш….“- напиша Ана.

Болката е неразмерно голема, тагата огромна, сликите се уште свежи, а спомените вечни… животот со сета тежина на себе, со сета грутка во душата, вака или онака,  мора да се живее.

А, кога ќе дојде еден од оние денови, некој од оние датуми, кои по добро или лошо ги паметиме, на кои со полно, рането или скршено срце се сеќаваме, тешко е со зборови да се опишат тие мигови.

Тешко е да се изустат збориви, та биле на поддршка или искажана болка, но Ана Костадиновска собра сили да сподели, да ги прегледа, објави, да ги прелиста во глава по она убавото кое го имаа, а токму тоа уште посилно го крши срцето…

Само со емотикон од ранети срциња, чии лузни остануваат засекогаш, довека.

Инаку, Ана Костадиновска покрај Панчо и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од поставата на ДНК кои успеаја да се спасат од трагедијата таа кобна ноќ на нивниот последен настап во Кочани на 16-ти Март.

Фото: Instagram printscreen/kostadinovska2486

To top