Скандал во домот на славниот холивудски актер Николас Кејџ, а истиот бил предизвикан од неговиот син.
Вестон Кејџ (33) ја нападнал мајка си со оружје и бил уапсен неколку недели откако таа, актерката Кристина Фултон (57) била забележана со огромни модринки на лицето.
Како што пренесуваат светските медиуми, Вестон бил ослободен со кауција од 150.000 долари, која се претпоставува дека ја платил неговиот славен татко.
View this post on Instagram
Полицијата потврдила дека синот на Николас Кејџ е уапсен, а тој наводно ја нападнал мајка си во состојба на психичко растројство. Извор близок до семејството рекол дека „вакво нешто било очекувано да се случи“, но дека сепак сите се во шок.
Ова не е првпат да има инциденти помеѓу синот и мајката. Кон крајот на април дошло до вербална расправија по што следувала физичка пресметка. Тогаш интервенирала Брзата помош, но актерката одбила да оди во болница. Од полицијата тогаш соопштиле дека Вестон го напуштил местото на нападот до доаѓањето на патролата и дека истрагата е во тек.
Изворите велат дека Фултон се обидела да го утеши нејзиниот син кој имал извесни емотивни проблеми. Таа негирала дека постоеле конфликти со нејзиниот син пред инцидентот и замолила да се почитува нејзината приватност. Недолго потоа била видена како плаќа паркинг со модринки на лицето.
View this post on Instagram
Актерката во соопштение навела дека на 28 април пријателите на Вестон ја повикале да дојде бидејќи не се чувствувал добро.
„Кога пристигнав ме пречека мојот син, кој беше видно психички растроен. Отсекогаш сум го поддржувала својот син кој се бори со проблеми. Правам сè што можам за тој да добие континуирана помош“, изјавила Фултон.
Ова не е првпат синот на познатиот актер да се најде во проблеми со законот. Вестон бил уапсен во 2017 година за возење под дејство на алкохол, предизвикувајќи сообраќајна несреќа и напуштање на местото на настанот.
Полицијата соопштила дека тој удрил во повеќе паркирани автомобили, знаци и поштенски сандачиња, пред да удри со автомобилот во дрво.
View this post on Instagram
Откако бил пренесен во болница, против него е поднесена кривична пријава за возење под дејство на алкохол, по што бил приведен, а кауцијата изнесувала 30.000 долари.
Во 2011 година, тој се соочил со обвиненија за семејно насилство по расправија со неговата поранешна сопруга Ники Вилијамс.
Вестон во минатото бил лекуван поради проблеми со менталното здравје.
фото:Instagram printscreen/ westoncagecoppola