Радио Милева бескрајна среќа

„Штркот слета“- Дејан Манасков стана татко

„Штркот слета“- Дејан Манасков стана татко

Еден од најдобрите македонски ракометари, крилото на „Еурофарм Пелистер“ Дејан Манасков и директорката на маркетинг и финансии во Канал 5 телевизија – Билјана Стојановска станаа родители.

Животот на тазе сопружниците почнува нова етапа, пошарена и исполнета со безусловна љубов за наследникот кој го доби името Давид.

Убавата и среќна вест дека штркот кај Манаскови веќе слетал ја откри пејачката Тамара Тодевска, која преку „стори“ објавите на Инстаграм им честиташе на новопечените родители.

За потсетување, Манасков и Билјана неодамна  својата долгогодишна врска да ја крунисаа со брак на крајот од месец јануари годинава.

Венчавката беше интимна, во кругот на најблиското семејство и пријателите, а се одржа во црквата Рождество на Пресвета Богородица, додека свадбената забава во една позната винарија.

Четитки за малиот наследник!

фото:Instagram printscreen/bbiljana.sstojanovska/tamaratodevska

To top