Мегафон „Скопје, слатко мое Скопје…

Сенидах со емотивно видео и таен адут за 14 февруари: Кој ли ќе ѝ се придружи на сцената во Скопје?

Сенидах со емотивно видео и таен адут за 14 февруари: Кој ли ќе ѝ се придружи на сцената во Скопје?

Големиот солистички концерт на една од најпопуларните балкански музички ѕвезди – Сенидах, кој ќе се одржи на Денот на вљубените, 14-ти февруари, во спортската арена „Јане Сандански“, ќе крие уште едно изненадување. Освен моќниот настап на Сенидах, публиката во Скопје може да очекува и специјален музички гостин. Иако засега ништо не се открива официјално, во музичките кругови сè погласно се шушка дека станува збор за една од најголемите домашни музички ѕвезди.

За потсетување, на нејзините досегашни концерти во Белград како гости се појавија Цоби и Мањифико, што дополнително ги подгрева шпекулациите – кој ли ќе биде избраникот за скопската публика? Дали ќе пристигне регионално име или, пак, ќе видиме наше, домашно изненадување на сцената? Одговорот засега останува тајна.

Концертот е во организација на SKYMUSIC продукција, а најавите ветуваат врвна продукција, моќен звук и импресивен сценски дизајн што ќе ја следи секоја емоција – од најтивките, интимни моменти до експлозивните рефрени што се пеат во еден глас. Ова нема да биде само концерт, туку заедничко доживување што ќе се памети.

Препознатлива по уникатниот музички израз и неодоливата балканска емоција, Сенидах со емотивно видео им се обрати на македонските фанови:

Скопје, слатко мое Скопје… На 14 февруари се гледаме во арената Јане Сандански… Ајде, ве бакнувам, се гледаме… едвај чекам“, порачува Сенидах во видеообраќањето упатено до македонските фанови, а со кое го најави својот прв солистички концерт во главниот град.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SKYEVENTS (@skymusic.events)

Влезниците се веќе во продажба преку бесплатната апликација eFinity и платформата Wayin.mk:

  • Фан пит: 2.000 денари
  • Партер: 1.200 денари
  • Трибини: од 1.200 до 1.800 денари (во зависност од позицијата) и
  • ВИП зона: 2.500 денари.Фото и видео: Инстаграм/skymusic.events/senida_h
To top