Радио Милева поделени мислења

Селена Гомез повторно мета на хејтерите – проблем се килограмите

Селена Гомез повторно мета на хејтерите – проблем се килограмите

Поп-пејачката Селена Гомез повторно е во центарот на вниманието на светските медиуми, но овој пат не поради нова музика или филмски проект, туку поради фотографии од нејзиниот одмор во Мексико кои ги преплавија социјалните мрежи.

Имено, пејачката беше фотографирана на плажа преку ден, а некои интернет корисници коментираа дека „не ја препознале веднаш“ бидејќи, тврдат тие, изгледа поинаку од претходно.

Приказната за нејзиниот физички изглед, поточно за нејзиното наводно зголемување на телесната тежина, излезе во прв план, што предизвика лавина од коментари, особено негативни.

На фотографиите, Селена носеше розов едноделен костим за капење и изгледаше целосно опуштено, без шминка и во својата природна состојба.

Додека некои го критикуваа нејзиниот изглед, многу обожаватели застанаа во нејзина одбрана велејќи дека изгледа здраво, среќно и самоуверено, и дека е сосема неприфатливо да се коментира за нечие тело.

фото:instagram printscreen/selenagomez/ X/

To top