Пејачката Сека Алексиќ еднаш откри дека го фатила својот поранешен партнер дека ја изневерува.
Инаку, Сека сега е среќно мажена за Вељко Пиљикиќ, со кој има два сина Јаков и Јован, а непознати детали од приватниот живот откри во подкаст со Анастасија Грујиќ.
Пејачката редовно се појавува во јавноста и споделува фотографии на социјалните мрежи, но досега не ги изложувала своите партнери пред медиумите.
Таа сега проговори за своето минато во подкастот и откри дека фатила еден од нејзините поранешни партнери како ја изневерува.
– Еднаш доживеав дека ме изневерува и сама го открив“, изјавила пејачката, пренесува „Блиц“ и додала:
„Копав, бидејќи чувствував дека сум во право. Од него забележав дека нешто се случува и јас сум виновна што не го средив тоа брзо. Го чувствував тоа и порано и сакав да раскинам со таа личност, но ете, чекав да го видам тоа црно на бело“.
Како што кажа Алексиќ, таа веднаш ставила точка на таа врска, а потоа во нејзиниот живот се појавил Вељко, нејзиниот сегашен сопруг.
Да потсетиме, пејачката Сека Алексиќ има два сина Јован и Јаков, а своевремено ја сподели својата приказна за борбата за потомство. Како што тогаш изјавила пејачката, отишла на ин витро, а ги послушала и советите на својот свештеник.
Фото: Printskrin/Instagram/seka_aleksic