Актерот Еди Марфи ја започна својата кариера на почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, а се прослави најмногу глумејќи ликови во комедии.
Само некои од улогите во кои сме го виделе се оние во „Полицаец од Беверли Хилс“, „Тркало на среќата“, „Принцот ја открива Америка“, „Златното момче“, „Јас, шпиун“, „Девојки од соништата“, Сè за Дејв“, анимација „Шрек“ и други.
За своите улоги доби бројни признанија и награди, а подоцна призна дека одбил да глуми во филм кој подоцна постигна голем успех.
„Единствениот филм што го одбив и стана голем хит беше „Who Framed Roger Rabbit ?“ Јас требаше да бидам ликот кој го толкуваше Боб Хоскинс.
Си помислив: „Што? Анимација и луѓе? Тоа ми звучи како глупост.’ Сега се чувствувам како идиот секогаш кога ќе го видам“, изјави Марфи, според Far Out Magazine.
„Who Framed Roger Rabbit?“ е долгометражен анимиран филм од 1988 година, а заплетот е фокусиран на анимирани ликови, попознати како „карикатуристи“, кои живеат во реалниот свет и се појавуваат во филмови како вистински актери. Анимациите доаѓаат во контакт со вистински луѓе, а меѓу нив се случуваат бројни компликации.
Ова остварување заработи повеќе од 350 милиони долари и го освои Оскар за најдобра монтажа.
фото: printskrin/instagram/eddie_murphy_official1