Животот и кариерата на Халид Бешлиќ наскоро ќе бидат раскажани на големото платно, а премиерата на филмот се очекува кон крајот на 2026 година.
Познат босански менаџер за забава откри за локалните медиуми дека наскоро ќе започне снимањето на биографскиот филм за Халид Бешлиќ, кој почина на почетокот на октомври по борба со тешка болест.

Филмот ќе го следи патувањето на Халид од неговите рани денови во Кнежина код Олово, преку сараевските кафулиња во 1970-тите, до неговиот статус на една од најпрепознатливите музички фигури на Балканот. Посебен фокус ќе биде ставен на моментите што го одбележале неговиот живот, тешката сообраќајна несреќа што ја преживеал, неговата љубов кон семејството и публиката, неговите хуманитарни дела, но и упорноста со која ја одржувал својата скромност и покрај огромниот успех.

– На босанскиот пазар веќе многу се зборува дека се снима филм за овој голем уметник. Халид е симбол на една ера. Неговата животна приказна носи сè во себе: радост, тага, борба, гордост. Ова не е само филм за пејач, туку за човек кој ги обединил луѓето преку музиката – изјавил овој менаџер за тамошните медиуми, но побарал дискреција:
– Не сакам да бидам тој што јавно ќе открие и ќе зборува за деталите од филмот. Кога ќе заврши нацртот и ќе се разговара за семејството, тогаш официјално ќе се знае. Сега сè е на ниво на идеја, убава идеја што полека почнува да оживува.

Во една прилика, Халид во интервју за медиумите изјави дека би му било чест неговиот живот да се претвори во филм, но дека „малку се плаши“ од тоа како би можело да изгледа сето тоа.
фото: Instagram







