Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски беше киднапиран во ноќта помеѓу саботата и неделата во Србија и сега се опоравува од ситуацијата во која се најде.
Српските медиуми разговараа со адвокатот Бранислав Станишиќ. Тој истакна дека оваа ситуација имала одредени последици, како и дека полицијата работи напорно за да ги изведе осомничените пред лицето на правдата.
– Истрагата е во тек и ќе продолжи. Што се однесува до Даниел, тој е психички и физички добро, тоа е најважно за семејството и за него сега. Оваа ситуација остави некои шокантни последици, но фала му на Бога што ги надминува. Ако ме прашате за самиот случај, не би можеле да дадеме премногу информации додека барем осомничените за извршување на ужасниот злостор не бидат изведени пред лицето на правдата, бидејќи потрагата по нив сè уште е во тек. Во договор со полицијата, во овој момент не можеме да дадеме повеќе детали. Ситуацијата на терен е таква што осомничените го напуштиле местото на настанот во близина на Рума, кога велам местото на настанот мислам на местото каде што бил оставен автомобилот откако се удрил во банкината. Од тој момент тие ја напуштиле локацијата и потрагата по нив сè уште трае, рече Станишиќ.

Адвокатот посочува дека е во постојан контакт со Даниел.
-Сега одиме во насока на потрага по лица, кои најверојатно се од турско потекло. Тоа се информациите достапни засега. Тие не се државјани на Република Србија, најверојатно. Зборувале на турски или нешто слично, а нивниот изглед сугерирал дека се од некоја земја од тој тип. Сега не знаеме дали се мигранти, или во каков капацитет престојувале кај нас. Разговарам со Даниел постојано, одговараме на потребите на полицијата и поврзани со слични работи, рече адвокатот.
Бранислав тврди дека Даниел не се замерил кон никого и затоа не се сомневал дека ситуацијата што се случила може да му се случи и нему.

-Даниел е пред сè уметник и не е човек кој би можел да препознае знаци кај некој што би можел да го следи. Тој не забележал ништо лично, тој е човек кој никогаш не држел злоба кон никого. Нема причина некој да го напаѓа од лични причини. Ако имаше некаков сомнеж, веројатно би помислил дека нешто вакво може да се случи, но не се случи. Исто како што некои ѕвезди немаа поим дека некој може да фрли експлозиви врз нив. Даниел си ја врши работата професионално, никогаш не бил груб кон некого за да може некој да се однесува кон него на овој начин. Некој го направил ова поради потребата да стекне материјални добра, веројатно тоа е тоа. Даниел има доверба во полицијата, па знаеме како постапуваат и сме убедени дека ќе си ја завршат работата како што треба на свој професионален начин. Се надеваме дека сè ќе биде брзо завршено што се однесува до осомничените, бидејќи полицијата е на врвот на својата задача, рече адвокатот.
фото:Instagram printscreen/daniel_kajmakoski







