Радио Милева се разделиле околу два по полноќ

Се огласи Алекса Јелиќ – пејачот кој настапуваше со Даниел Кајмакоски пред киднапирањето

Се огласи Алекса Јелиќ – пејачот кој настапуваше со Даниел Кајмакоски пред киднапирањето

Даниел Кајмакоски беше киднапиран синоќа на улицата Караѓорѓева во Белград, а драмата се одвивала пред клубот каде што настапувал. Непосредно пред киднапирањето, со него бил и Алекса Јелиќ, кој сега проговори.

– Настапувавме, но немам никакви информации, освен она што го имате вие. Важно човекот е жив, здрав и добро. Тоа е најважно, а за останатото не можам да коментирам – рече Алекса Јелиќ, а на прашањето дали се слушнале еден со друг, тој додаде:

– Не, се разделивме синоќа околу еден и пол, два и од тогаш не се слушнавме – рече тој.

Инаку и менаџментот на Даниел Кајмакоски се огласи.

По киднапирањето, официјално се огласи и ПР тимот на пејачот, пишувајќи за тоа како се чувствува денес по драмата.

– Драги пријатели, веста дека Даниел Кајмакоски е киднапиран синоќа во близина на Бетон Хала во Белград е точна. Разговарав со Даниел пред малку, тој е добро. Откако ја помина ноќта во полициската станица, сега е дома.

Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата бара непознати сторители кои се странци, кои го врзале и го одвеле со неговиот автомобил, барајќи 20.000 евра. Тие се движеле кон Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале.

Даниел потоа беше во полициската станица неколку часа. Од она што го слушнавме од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека тој се соочил со киднаперите многу мирно и храбро. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава никакви изјави. Од срце им благодарам на сите добри луѓе што се јавија и се грижат за него – изјави неговиот ПР тим.

фото: printscreen/instgaram/facebook

To top