Радио Милева неговата божица

Сара Мејс пали и жари и по дома со „голиот фустан“, а на крај Димитар изгорен од желба… за неа (видео)

Сара Мејс пали и жари и по дома со „голиот фустан“, а на крај Димитар изгорен од желба… за неа (видео)

Изминатиот празничен понеделник беше возбудливo работен за Сара Мејс. Имено, познатата пејачка и харфистка имаше настап во Центарот за култура во Битола од вечерта насловена „Discopolis“ заедно со „The Girlzz“.

Подготовките почнаа од дома, па како ѕвезда на вечерта, така и се подготви во блескава елеганција од таканаречениот „гол фустан“ кој делумно открива и покрива, а под него навидум без долна облека.

Откако се подготви, мобилниот во рака и мораше се’ да се документира со фотографија, бидејќи како што вели Сара, вредело „да се фати се’“ – фустан, шминка, фризура…

Позирање пред огледало имаше доста, од еден агол, па од друг…

А откако тоа го виде сопругот Димитар, веројатно непосредно, па и по социјални мрежи, е тогаш не додржа, а да не си ја пофали својата сакана и тоа со комплимет дека вака изгледа мајка на две деца:

Тоа на беше доста, па продолжи да ја опсипува со комплименти дека е божествена жена, па најде дури и песна од Мирослав Илиќ под тој наслов.

Така поласкана и светната од убаво, Сара си замина за Бтиола на настап, а Диме си остана „изгорен од желба по неа…“ се додека неговата божица не се врти дома.

фото:Instagram printscreen/dimitaratanasovski_/Facebook/ Sara Mace

To top