Српската пејачка Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, на кратките приказни на Инстаграм објави фотки на кои лежи во болнички кревет.
Како што пишува, таа морала да направи рутинска операција.
Сара не открива што ѝ се случило и која била причината заради која била оперирана, но сепак упати порака до своите следбеници:
„Во сабота Vogue, а во недела… Можеби мора да постои некој баланс, нели? Сега сѐ е во ред, станува збор за рутинска операција, но би сакала ова Стори да ви биде потсетник да одите на редовни прегледи!
И да го слушате сопственото тело (ова второво изгледа го научив дури во својата 30-та година)“.
Таа се пофали и со цветните аранжмани што ги добила од пријателите и блиските, а во овој момент најголема поддршка ѝ се најблиските, како и нејзиниот дечко Жига Сотлар.