Радио Милева „нешто“ помлада...

Розман ги дувна роденденските свеќички два пати, еднаш си замисли желба, а вториот пат и се оствари (фото) 

Розман ги дувна роденденските свеќички два пати, еднаш си замисли желба, а вториот пат и се оствари (фото) 

Македонската манекенка, мисица и модел Емилија Розман  го прослави 32-иот роденден, а на својот Инстаграм профил ги покажа моментите во кои уживала на нејзиниот најважен ден во годината.

Кога чукнал часот за нејзиниот роденден таа побрзала да ги дувне свеќичките и да си замисли желба, а во фокус падна нејзиното деколте додека нешто подолу во рацете  држеше колачи наместо торта.

Подоцна нејзините кратки приказни на Инстаграм се преполнија со честитки и убави желби, а г-ца Розмантична веднаш им испрати „значаен роденденски поглед“ од салонот во кој одлучи да се разубави и  да се подготви за забавата што следеше.

Дома веќе ја чекаше славеничката атмосфера, а роденденската песна ечеше во салонот.

Моделот и најобразована цвеќарка  не ја тргаше насмевката од лицето и гордо позираше меѓу роденденските балони, додека на себе веќе додала и детаљ вртоврска со ист дезен како и тортата за која се одлучила или на подарок од другарките ја добила?!

На крај позираше пред истата таа торта која ја кренала в раце за да ги дувне свеќичките со бројката која што ја полни, па  веројатно првата  желба  и се исполни…

Се почувствува помладо, па се пошегува и ги „замени бројките“.

Наместо 32  јасно се гледаше бројот 23 на свеќичките со златна боја. Арно ама едно се желбите, а друго е реалноста…

Како и да е, Розман изгледаше многу расположено, а секако тоа е се што и треба за здравје, љубов и среќа! Годините…? Ги менувала или не бројките, годините – тие се! Волку или толку, сепак се само бројка!

Фото: printskrin/instgaram/rozmanticna

 

To top