Популарната српска пејачка Лепа Брена не само што е финансиски зависна од својата успешна музичка кариера, туку се занимава и со бизнис.
Неодамнешната сопственичка на голема музичка продукција, Лепа Брена, во далечната 1993 година отворила мал киоск за брза храна во Нови Сад, каде најмногу се продаваат хамбургери, но дури по продажбата на продукциската куќа решила да се занимава со овој бизнис.
– Иако сите знаат дека Брена ја продаде „Гранд продукција“, ретко кој знае дека таа има друг бизнис, на кој сега очигледно е повеќе посветена – сендвичара. Таа 29 години во центарот на Нови Сад го поседува тоа место каде се продаваат хамбургери и друга брза храна, па сега е добредојдена да продолжи да биде сопственик – изјавил за Српски Телеграф извор близок на пејачката.
фото: Instagram printscreen/lepabrenaa