Радио Милева нешто не штима

Разнишани односите помеѓу Цеца и семејството Гудељ?! Балканската ѕвезда и сваќата Оливера не се ниту виртуелни пријателки

Разнишани односите помеѓу Цеца и семејството Гудељ?! Балканската ѕвезда и сваќата Оливера не се ниту виртуелни пријателки

Иако љубовта меѓу Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудеља цвета веќе долго време, јавноста забележа еден необичен детаљ.

Мајката на Анастасија, Цеца Ражнатовиќ, не ги следи членовите на семејството Гудељ на Инстаграм.

Иако ја следеше мајката на Немања, Оливера, сега тоа веќе не е случај. Исто така, не ја следи ни сестрата на Немања, Вања.

 

Ова е многу чуден и интересен факт, со оглед на тоа што само пред неколку месеци, Цеца и Оливера позираа заедно на Ѓурѓовден, на семејната прослава Гудељ, во Севиља. Тогаш многумина коментираа колку добро се сложуваа овие две мајки.

 

Токму ова крена прашина меѓу нивните обожаватели, а зошто Цеца и Оливера повеќе не се следат ќе остане мистерија.

Оливера Гудељ беше на почетокот на оваа година, односно во февруари. По тој повод, Немања објави емотивна фотографија од својата мајка, која на Цеца веднаш ѝ се допадна.

– Среќен роденден на најдобрата мајка на светот. Те сакам – напиша фудбалерот.

фото:Instagram printscreen

To top