Бројни прославени хитови имаа можност да завршат во рацете на други пејачки, но судбината сакаше поинаку, а малкумина знаат дека еден од хитовите на Северина беше одбиен од Рада Манојловиќ.
Рада во моментот на најголема популарност го одби мега хитот „Бред Пит“, кој Северина со задоволство го отпеа. Овој хит и помогна на Северина да се врати на врвот на музичката сцена и да ја започне својата голема балканска турнеја.
View this post on Instagram
Во моментот кога и недостасуваше голем хит, кој само ќе ја зацврсти нејзината позиција на музичкиот трон, на Рада Манојловиќ и лизна голем хит од рака.
На пејачката и ја понудија песната „Бред Пит“, но Рада се двоумеше и ја загуби можноста за оваа песна, чиј потенцијал одлично го намириса хрватската пејачка Северина.
View this post on Instagram
Северина во 2011 година објави сингл кој го носи името на познат холивудски актер, а песната преку ноќ стана мега хит и ја врати Северина на тронот по долг период.
Благодарение на овој хит, Северина почнува поактивно да работи на нејзиниот албум „Добре дојдовте во клуб“, кој и овозможи и голема регионална турнеја, па кога се ќе се собере, доаѓаме до заклучок дека овој сингл бил наменет за Северина, но и тоа како би можел да го промени текот на кариерата на Рада.
фото:Instagram printscreen/ radamanojlovic/ severina