Во последно време, пејачката Рада Манојловиќ е максимално фокусирана на работата и бројните настапи, а малку се знаеше за нејзиниот љубовен живот, барем откако раскина со Владимир Ранковиќ.
Сепак, среќата повторно затропа на вратата на Рада. Имено, пејачката ужива во својата нова љубов, како што самата сега откри.

– Има некој, но засега не можам ништо да кажам – потврди пејачката во емисијата „Еглам“ на Телевизија Е.
Рада не крие дека има нов партнер, но и дека се надева дека конечно ќе стапне на лудиот камен.
– Свадбата следната година, ако го убедам – рече таа низ смеа.
фото:Instagram printscreen/radamanojlovic




