Водителката на Елита 8, Ана Радуловиќ објави дека таа и нејзиниот сопруг пејачот Мирче Радуловиќ решиле да се разделат по 11 години брак.
Парот во изјавата истакна дека заеднички ја донеле одлуката за развод, како и дека не се работи за трето лице и открија дека повеќе нема да се објавуваат на оваа тема.
Веста за разводот доаѓа само два месеци откако во емисијата на Пинк, гостинот во студиото Иван Маринковиќ ја обвини водителката Ана Радуловиќ дека го изневерува сопругот затоа што не носи бурма.
Таа проговори веднаш по емисијата и откри дека Маринковиќ и се извинил. „Се што имам да кажам на таа тема е дека ми се извини после емисијата и нема да ја продлабочувам понатаму, а генерално би додала дека ми е жал што ние кои не сме платиле за приватниот живот постојано прооаѓаме низ коментари за тоа, само затоа што им поставуваме прашања на оние кои платиле и се согласиле да им се коментира животот и секако да поставуваат прашања“, рече Ана.
фото: printscreen/youtube