Радио Милева СРЕЌНА НОВА

Познатите Македонци со искрени желби Ви ја честитаат Новата 2026 година

Познатите Македонци со искрени желби Ви ја честитаат Новата 2026 година

На 2025 ѝ кажавме збогум, а 2026 ја дочекавме со отворени раце. Едни во топлите прегратки на семејството, без голема врева, други во елегантни ресторани, а трети на далечни патувања надвор од границите на Македонија. Сепак, сите имаме едно заедничко: надеж дека новата година ќе биде поуспешна во секој поглед од претходната. Повеќе здравје, повеќе љубов, повеќе успех и помалку грижи.


Но, вистинската магија започна веднаш по полноќ. Јавните личности не чекаа туку, веднаш ги земаа своите мобилни телефони и со срдечни пораки ја пречекаа 2026 за своите најблиски, следбеници и пријатели на социјалните мрежи.

Лила Филиповска

2025 доста ти беше, те оставаме зад нас… 2026 подготвени сме Те чекаме со сите твои предизвици, лекции и убавини. А ние блескаме со накитот на нашите најдраги и посакуваме на сите среќна и блескава година и многу здравје и убавини.

Антониа Гиговска

2026… Кога веќе дојде, те замолувам биди добра со мене, не биди толку тешка колку претходната, биди уште поуспешна од претходната.. Можам да пишувам многу за тоа колку ми беше и убава и не толку убава, но најважно од се е што извлеков толку многу лекции, сфатив дека кога си на врвот околу тебе се сите, но најважно е кој е до тебе кога си на дното, кога ти е најтешко..
Има многу убави работи што треба да се случат во новата 2026, и едвај чекам!
Ви посакувам само здравје, среќа, љубов и мир! Се останато само ќе дојде! Или како што викам јас..
Што е твое ќе си дојде, и се случува со причина! Среќна Нова Година луѓе мои!
Love you all!

Марјана Станојковска

Нека 2026 биде година на здравје, љубов, насмевки , безброј среќни мигови и полно остварени соништа.
Да ни донесе повеќе моменти за паметење, причини за благодарност и голем број на среќни добитници
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА

Сузана Гавазова

Ви посакувам многу здравје, среќа, исполнети желби и безброј убави моменти во Новата 2026 та година. Нека биде година полна со успеси, насмевки и радост! Наздравје!

Калиопи Букле

И оваа година помина, драги мои луѓе… точно како оваа кола што помина сега… Но, знаете што? Дали чувствувате како и јас, дека 2026 година треба да биде подобра година? Веќе знаете сè што би ви посакала од срце и душа!

Дали ќе биде 2026 подобра? Само ние одлучуваме. Честитки на сите!

To top