Радио Милева последен поздрав

Познатите Македонци се збогуваа од Саша Поповиќ: Од Калиопи и Тијана, па се до Анета – „Ми беше чест што те запознав“ (фото)

Познатите Македонци се збогуваа од Саша Поповиќ: Од Калиопи и Тијана, па се до Анета – „Ми беше чест што те запознав“ (фото)

Го викаа „Големиот Сале“, а неговата смрт силно ја погоди српската естрада, но и онаа пошироко во регионот,  затоа што тој не беше само музичар, сопственик, па директор на голема продукција, тој беше почитуван човек кој соработуваше со многумина. На младите таленти им даваше шанса да го најдат своето место под естрадното небо, додека со другите беше пријател и соработник  кој си ја знае својата работа и повеќе од одлично.

Да го познаваат приватно и  да соработуваат со него имале повеќе познати Македонци кои не оставија без јавно да го споделат своето жалење за загубата.

Нашата голема регионална музичка дива Калиопи се прости од Сале со објава на своите профили на социјалните мрежи.

Жалење и сочувство изрази и Тијана Дапчевиќ. „Драг друже, почивај во мир“, стои во објавата на Тијана.

Фолк ѕвездата Анета Љумаковска која своевремено соработуваше со „Гранд“, па и лично со Поповиќ во своето збогување напиша:

-Почивај во мир легендо!!!Чест ми беше што те запознав.

Антониа Гиговска пронајде едно старо видео каде пее на аудиција пред Саша.

-Почивај во мир, кусо напиша Антониа оставајќи симбол од скршено срце.

Последниот поздрав го испрати и Марјана Станојковска.

Саша Поповиќ почина во саботата 1.Март по кусо и тешко боледување на 70-годишна возраст.

Поповиќ починал во болница во Париз, каде што последните денови го посетиле бројни пријатели.

Погребот ќе биде во четврток во Белград, а истиот ден ќе биде закажана и комеморација.

фото:Instagram printscreen/ sasa_popovic_grand

To top