Пред големото финале од 18-та сезона на „Ѕвездите на Гранд“, во кое победи нашиот Никола Станишиќ се одржа мала игра на прогнозирање. Пред самото финале, многу познати пејачи, како и поранешни победници на најгледаното музичко шоу во регионот, се јавија во Гранд и предвидоа кој ќе триумфира, но само двајца пејачи, поточно две пејачки успеајаа да го погодат победникот.

Додека Бане Мојиќевиќ и Мирза Селимовиќ го поддржуваа Матео Милиќевиќ, кој се пласираше на високото четврто место, двете финалистки од претходните сезони, нашата Андријана Петрушовска и Ѓула Дрини, навиваа за Никола и прогнозираа дека токму тој ќе триумфира.

„Им посакувам среќа на сите во финалето, имам фаворит, а тоа е Никола Станишиќ – рече тогаш Андријана, исто како и нејзината колешка Ѓула.

Дури и поранешниот победник на „Ѕвездите на Гранд“, Нермин Ханџиќ, не погоди, поддржувајќи го Елвис Мешиновиќ, кој е вицешампион на 18-та сезона.

Така што патриотизмот, и колегијалноста овој пат се поклопија со прогнозата на Андријана Петрушовска, која можеби претходно требаше да уплати ливче во некоја спортска обложувалница во Скопје или Белград?!
Фото: Инстаграм/djuladrini.official/nikolastanisik/andrijanapetrushovska







