Радио Милева спроведена истрага

Познати нови детали за смртта на турскиот актер од серијата „Езел“

Познати нови детали за смртта на турскиот актер од серијата „Езел“

Турската кинематографија и верната публика во регионот се завиени во црно по веста за ненадејната смрт на популарниот актер Серхат Мустафа Килич (51), кој на македонската јавност ѝ е најдобро познат по улогата во  серијата „Езел“.

Тој бил пронајден без знаци на живот во неговиот стан кој се наоѓа во истанбулската населба Кагитане, а официјалната причина за оваа трагедија сè уште не е соопштена бидејќи надлежните органи во моментов спроведуваат детална истрага.

Безживотното тело на актерот го пронашла неговата девојка Озлем Есмерѓул откако тој не одговарал на повиците, по што била повикана полиција и брза помош. Според неа, тој се борел со лимфом, додека медиумите споменуваат и проблеми со штитната жлезда.

И покрај модринките на телото, немало траги од насилство, а телото е пренесено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Неговиот колега Шорај Узун апелираше да не се шират шпекулации додека трае истрагата.

Неговата партнерка Озлем Есмерѓул е познато име во медиумскиот и издавачки сектор, родена во Германија, новинар и автор на неколку романи. Килич пак остави богата кариера зад себе преку улогите во „Езел“, „Соз“, „Сексенлер“ и „Осман“.

фото:Instagram printscreen/serhatkilic_fan

To top