Ријалити старлетата Сенада Нуркиќ, која сите ја знаат како Маца Дискреција, позната по своето експлицитно однесување и многу провокативни изјави кога станува збор за нејзиниот интимен живот, овој пат ги шокираше сите!

Само со нешто што од неа никој не го очекуваше. Да се смири и влезе во сериозна врска.
Имено, таа на својот Инстаграм профил откри дека има емотивен партнер, со кого е фотографирана како се бакнува една вечер!

На социјалните мрежи откри дека веќе планираат и дете со нејзинто момче.

„Дали планираш да родиш дете? – беше прашањето, на кое Маца одговори: „Работам на тоа“!


Дали Маца конечно одлучила да се смири со младиот човек од фотографијата и навистина да му роди дете, останува да видиме.

Единствено останува дилемата дали младичот кажал дома која му е девојка, а можеби и мајка на неговото идно потомство?

Или ова е само обична мамка на Маца Дискреција за идните клиенти на нејзината „Онли фанс“ страница?


Фото: Инстаграм/macastarbarbi







