Радио Милева вишок килограми

„Порано бев Анџелина Џоли, а сега…“- Рада Манојловиќ ги откри епитетите со кои се вика откако се здебели

„Порано бев Анџелина Џоли, а сега…“-  Рада Манојловиќ ги откри епитетите со кои се вика откако се здебели

Пејачката Рада Манојловиќ веќе некое време е незадоволна од својот изглед. Таа откри дека изгледот на главата најмногу ја мачи, па затоа го коментираше тоа во свој стил.

Рада Манојловиќ претходно во неколку наврати изјавила дека се здебелила, што воопшто не ѝ се допаѓа. Се пошегува на своја сметка дека главата ѝ изгледа како „полна месечина“, а сега додаде:

– Имам јас доста описи за мојата глава! Реков претходно дека личам на Анџелина Џоли, но тоа беше во минатото… Но, добро, слатка сум… (се смее).

Манојловиќ не застана тука, туку на хумористичен начин ги откри сите епитети што ги има за својата глава.

– Нацртана со шестар, полна месечина, влашки леб, лубеница, глобус итн.  изјави пејачката за „Гранд“.

Рада Манојловиќ откри колку јадела во претходниот период.

– Имав потреба од благо.  Реков: „Ајде Радмила, јади нешто благо“, јадев по 300 грама Милка секој ден, наместо три, јадев осум палачинки – призна Рада Манојловиќ.

Foto: print screen/Instagram/radamanojlovic.fan.club

To top